Monthly Archives: јануари 2013

Може ли да се оцени оценувањето?

Неодамна на интернет кружеше една писмена работа од ученик од Берово на тема „Првиот снег“ што предизвика многу коментари и за писмената и за оценката и повратната информација од наставникот. Има и други вакви примери: за темата „Што е храброст“ еден ученик цел лист го црта со линии и на крајот пишува „е ова е храброст“, па еден ученик кој напишал цела писмена без интерпункциски знаци, па истите ги наредил на крајот од текстот и напишал: „Иш на своите места“. Колку и да ни се забавни овие појави, толку повеќе нè тераат на размислување. Каде е проблемот: во учениците (очигледно не се работи за ученици со потешкотии), во наставникот (досадни и некреативни теми), во наставната програма (ограниченост или несоодветност)?

ИКТ иновации во образованието во РМ

shqip

Иновациите во секое општество, па така и во нашето општество се сегменти околу коj се индуцира развојот и прогресот и ако на тоа се надоврзат иновации во образованието, како дел од клучните  столбови на секое демократско општество, неминовно е да бидат големи очекувањата.