Може ли да се оцени оценувањето?

Неодамна на интернет кружеше една писмена работа од ученик од Берово на тема „Првиот снег“ што предизвика многу коментари и за писмената и за оценката и повратната информација од наставникот. Има и други вакви примери: за темата „Што е храброст“ еден ученик цел лист го црта со линии и на крајот пишува „е ова е храброст“, па еден ученик кој напишал цела писмена без интерпункциски знаци, па истите ги наредил на крајот од текстот и напишал: „Иш на своите места“. Колку и да ни се забавни овие појави, толку повеќе нè тераат на размислување. Каде е проблемот: во учениците (очигледно не се работи за ученици со потешкотии), во наставникот (досадни и некреативни теми), во наставната програма (ограниченост или несоодветност)?

Ова наметнува и други прашања: што треба да се оценува кај ученикот (дали само знаењето), како треба да се оценува ученикот и кој треба да го оценува ученикот?

Сè повеќе се зборува за несоодветен начин на оценување во училиштата, за хиперинфлација на одлични ученици, за девалвација на знаењето, а за главни виновници се посочуваат наставниците. За таа цел Министерството за образование пред неколку години ја покрена иницијативата и се воведе: екстерно проверување на напредокот и постигањата на учениците со цел обезбедување квалитет во остварувањето на основното образование… (според Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование).

Поминаа две учебни години и ова не успеа да заживее, „паѓаше“ на Уставен, па го „поправија“ законот да биде во согласност со Уставот, па Министерството не беше подготвено, па училиштата не беа подготвени… Од оваа учебна година подготвени тргнуваме во оценување на наставниците преку оценување на учениците, односно ги оценуваме наставниците според тоа како тие ги оценуваат своите ученици. Веќе не ви е јасно, чекајте има понејасни и почувствителни работи од ова кои требаше да се дискутираат и разјаснат пред да се започне со ваков вид оценување на наставниците.

Прво, намерата воопшто не е лоша, државата сака да воведе ред во еден доста чувствителен дел од општеството каде со години се намалува квалитетот. Еве дел од образложението при донесувањето на измените во Законот: „… извештаите покажуваат дека околу 80% од вкупниот број на учениците во основните училишта се со одличен и многу добар успех. …Оценките сè помалку се реален показател на знаењата и способностите на учениците…. Кај наставниците опадна интересот за квалитетно изведување на наставата, се наруши дигнитетот на професијата наставник, се зголемија притисоците за пишување на нереални оценки….“

 Се посочуваат примери од САД и ЕУ каде квалитетот редовно се контролира преку екстерни тестирања, се објаснуваат позитивните страни на стандардизираните тестови, оценувањето според стандарди и критериуми, намалување на субјективноста, можноста за компарирање итн. Сето ова не е спорно и навистина е светски процес, ниту пак поголемиот дел од наставниците го спорат. Сè до делот каде се вели дека „Врз основа на резултатите од екстерното проверување на знаењата на учениците ќе биде и кариерниот напредок во повисоко звање на наставниот и соработничкиот кадар во училиштата, како и висината на нивната плата.“

Државата и Министерството за образование со најдобра намера преземаат мерки за да се подобри квалитетот во образованието. Она што недостасува е систематски и научен приод кон овој процес. Кога станува збор за оценувањето на работата на наставниците пред да се започне со тој сложен процес прво треба да се расчистат неколку прашања: кој ќе го оценува наставникот, што ќе се земе предвид при оценувањето и како ќе се одвива тој процес.

Кој може најобјективно да го оцени наставникот?

Во последниве три години при спроведувањето на екстерната евалвација од страна на Државниот просветен инспекторат во училиштата се оценуваат наставниците и стручните соработници според Стандарди за оценување на наставниците каде преку доделување на бодови се добива соодветна оценка. Нема да навлегуваме во квалитетот на инструментите, ниту во компетентноста на инспекторатот соодветно да ја оцени работата на наставниците. Поважно е што сите сме свесни дека преку една посета на час кај наставникот и увид во неговото портфолио не може да се даде објективна оценка. А настрана констатацијата дека овие оценки досега не се соопштени на наставникот и на училиштето.

80% од наставниците ќе ви речат дека учениците се тие кои најобјективно го оценуваат наставникот (види анкета 1) Ова секако е и најлогично, учениците се секојдневно со своите наставници и се директни корисници на нивното поучување. Направете само соодветни инструменти и креирајте вистински прашања – нема пообјективен оценувач од децата (учениците). Вакви позитивни примери има дури и во поблиските земји, како што е Хрватска, а на факултетите е редовна пракса скоро во сите земји (освен кај нас).

 anketa 1

Анкета 1: Кој може најобјективно да ја оцени работата на наставниците? Наставниците во најголем број (46 или 80%) сметаат дека тоа се учениците, 5 наставници сметаат дека тоа се советниците од БРО, за независно ангажирани ревизори се 4 наставници, а за стручната служба – 2 и еден наставник за родителите. Интересно е дека никој од наставниците не смета дека инспекторите можат објективно да ги оценат.

ucenik_ocena

Ученик од седмо одделение „го оценува“ својот наставник

Што да се земе предвид при оценувањето на наставникот?

 Доменот на работа на наставникот не се сведува само на оценување на учениците. Оценувањето е еден од важните сегменти, но не и единствен. Пред сè, наставникот треба сè добро да испланира и подготви, потоа да го реализира поучувањето, односно да ја организира и реализира наставата и останатите активности со учениците, да создава средина за учење и позитивна клима, потребно е да остварува добра интеракција со учениците, родителите и колегите, да биде добар професионалец и континуирано да се усовршува и секако да го следи напредокот на учениците и да ја оценува нивната работа. Но, кој од овие сегменти е најважен, дали оценувањето на учениците е единствено важен и валиден сегмент за да се оцени работата на наставникот? Многумина не мислат така, напротив (види анкета 2).

 anketa 2

Анкета 2: Кое подрачје од работата на наставникот со колкава важност да се земе предвид при оценувањето на неговата/нејзината работа? Начинот на поучување – 23 (40%), создавање средина за учење – 16 (30%), постигањата (оценувањето) на учениците – 6 (12%), професионализмот и одговорноста – 3 (7%), планирањето на наставата – 2 (5%) и интеракција со учениците и родителите – 2 (5%).

Како да се одвива процесот?

Начинот на одвивање на екстерното тестирање е разработен и даден со законот, но не помалку е дискутабилен бидејќи целокупниот процес го реализира училишна комисија (колеги на оние кои ги оценуваат) и тоа од распределбата на паралелките и предметите кои ќе се оценуваат, спроведувањето на тестирањето, па сè до давањето оценка на наставникот.

Како е во другите земји?

Искуствата од другите земји пак покажуваат дека не се потребни екстерни тестирања за да има успешен образовен систем, земете го примерот со Финска чиј образовен систем се смета за еден од најквалитетните во светот. Финските ученици воопшто немаат тестирања, имаат најмалку предмети, имаат најмалку часови, но и најмали разлики во постигањата меѓу учениците и меѓу највисоките резултати на меѓународните испитувања. Финските наставници не се контролираат и оценуваат од страна на државата, а сепак нивната работа е квалитетна и дава резултати.

Колку што досега имам забележано, освен во САД од минатата учебна година, не знам за друга држава каде наставниците се оценуваат врз основа на постигнатите резултати од учениците на екстерните тестирања. Дури и во САД ова е само дел од оценката на наставникот, но и за тоа има бројни реакции од наставничките здруженија и синдикати.

 

15 Responses to Може ли да се оцени оценувањето?

  1. Liki вели:

    Да, ова е се во ред, но треба да не забораваме кога го споредуваме нашиот образовен систем кој се темели врз образовниот систем на Франција. Споредувањето со други земји кои немаат никаква допирна точка со Фрнцускиот не е валидно и затоа сега имаме потешкотии да се „престроиме“ според оние системи што ни се бараат. Реформите го бараат „престројувањето“ во друг систем и затоа ни доаѓа тешко.

  2. Sonja вели:

    И ете сме повторно на она место на кое бевме и пред неколку години…Тоа за нас и нашиот образовен систем значи дека не само што не сме направиле никаков чекор напред,напротив сме направиле чекор назад.Мислам дека и овој пат екстерното оценување нема да се реализира или ако се реализира нема да има никаква примена во пракса.Ако оценката значи едно подолго и посестрано следење на ученикот и таа е резултат на тој процес ,во кој наставникот со разни инструменти го следи напредокот и на крај ја валоризира работата со една оцена од еден до пет ,тогаш која е блискоста на таа макотрпна работа некој да ја оцени со само едно тестирање .Мислам дека секој би се сложил со оваа констатација и би ја поддржал недореченоста на ова екстерно оценување.

  3. Julijana вели:

    Факт е дека знаењата на учениците и нивните оценки не се во корелација во нашиот образовен систем.Квалитетот на знаења е се помал, а притисокот од родителите за високи оценки на нивните деца се поголем.Од овие причини сум за екстерно оценување на знаењата на учениците.Ако ништо друго барем да се обидеме да ги согледаме реалните состојби со оценувањето во нашето образование.Но не се согласувам тоа да биде основа за оценување на еден наставник. Ако веке се оценува работата на наставниците во таа оценка треба да бидат вклучени повеќе оценувачи;учениците, стручната служба и директорот на училиштето, советниците.И тоа оценување да биде еден континуиран процес,а не инцидентни посети на часови од кои ке зависи судбината на наставникот.Сето ова треба да се одвива без некоја помпезност и влевање страв кај наставниците.Треба да се започне една,две години пробно, па потоа да се земаат резултатите од екстерните проверки да имаат влијание врз оценувањето на наставникот .Но екстерното оценување д а не биде единствен параметар за нивно оценување.Инаку врз квалитетот на знаењата на учениците влијание имаат многу фактори. Според мене еден од најбитните фактори се лошите наставни програми, уште полошите учебници,примената на традиционалните форми и методи на работа на уште добар дел од наставниците, слабата мотивација на учениците за учење имајќи ја во превид целокупната состојба во државата и сл.
    Темава е многу значајна, суштинска за сите нас и нашето општество има многу што да се каже но можеби во некоја друга прилика.

  4. Risto вели:

    Vaka ,jas smetam deka ucenicite od osnovno ,ne bi trebalo da polagaat externi testovi koga duri i na fakultetite ispitite se polagaat parcijalno (kolokviumski)a ne na cel materikal sto se ucel preku cela godina.Se na se ,ne go odobruvam externoo nitu za ucenicite nitu za nastavnicite!

  5. Cvetanka Gjurova вели:

    Za odgovoren nastavnik koj si ja saka rabotata i realno ocenuva ne e potrebno da bide podlozen na ocenuvanje.Vo sekoe uciliste Direktorot treba da ja sledi aktivnosta i angaziranosta na nastavniot kadar i realno da dava ocena. A onie nastavnici (retki se, no gi ima) koi neodgovorno si ja vrsat rabotata treba da se opomenat,a potoa i da se kaznat ako ima potreba, Kaj ucenicite treba da se razvie interesot kon ucenje za steknuvanje trajni znaewa, a ne ucenje za ocena. So testiranjeto kaj ucenicite se pojavi trka za iznaoganje nacini na prepisuvanje. na eksternite testovi mnogu lesno ke se snajdat i ke postignuvaat dobri rezultati.Eksternoto testiranje e ocenuvanje na faktografso pomnenje.Pri formiranjeto na ocenata se koristi formativnoto i sumativnoto ocenuvanje.

  6. Vlatko Sekuloski вели:

    Супер истражување, честитки за истрајноста и вложената енергија. До кога вакви суштински истражувања наместо министерствата ќе се прават волонтерски?

    Што се однесува до „Екстерното“, начинот на кој тоа се планира да се изведе е уште едно измислување на топла вода.

  7. tripun вели:

    pocituvana koleske
    sosema se soglasuvam so nekoi Vasi stavovi vo ovaj vas napis, no moeto razmisluvawe e poinakvo vo odnos na nekoi delovi od toa.
    Imeno vo odnos na eksternoto ocenuvawe sosema go podrzuvam poradi uspehot na ucenicite i vo funkija na znaewata na ucenicite i podobruvawe na nastavnite planovi i programi, a ne vo funcija na ocenuvawe na nastavnicite.
    Ocenuvawe na nastavnicite da!, so sekoi slabosti na predlozenite kriteriumi na DPI.
    Bi se zadrzal na formativnoto i sumativnoto ocenuvawe koe se realizira vo nastavata, toa znaci sledewe na ucenicite vo tekot na celata ucebna godina. No za zal toa delimicno se realizira i zato se plasime od eksternoto ocenuvawe. Za da se postigne nivoto na postigawe na znaewata na ucenoicite potrebno e da go menuvame pred se mentalniot sklop na nastavnicite i roditelite, Ednite so nenivnoto nezalagawe i nespremnost da gi prifatat promenite vo celokupnoto ziveewe,odnosno ne skajki da se posvetat na svojata rabota tuku spored narodnta kupi den pomini. Drugite pak roditelite zelni za uspeh na svoite deca, odnosni lecewe na kompleksite sto ne uspeale samite da se realiziraat ili potvrdat.
    Ocenuvaweto na nastavnicite se soglasuvam so vasiot stav deka nemoze da se ocenuva so edna poseta na nastaven cas, tuku pred se moze dase uvide deka pri realizacijata na integralnata evalvacija deka e nedopuslivo e del od nastavnicite da ne poseduvaat nikakva pedagoska evidencija i dokumetacija vo odnos na realizacijata na nastavata, pa kamo li sledewe na ucenicite. Nemozeme da se soglasam i so sostojbite na vodeweto odnosno menadjiraweto na ucilistata od lica koi sosema zalutale vo procest na obrazovanieto, a osobeno so menadjiraweto na sredstvata.
    Se soglasuvam ocenuvawe na nastavnicite no so edno sledewe na nivnta rabota vo eden podolg period od poveke aspekti pred se od najpovikanite vo ucilisteto strucnite sluzbi vo ucilisteto i instituciite od strana na drzavata odnosno onoj sto ja finansira nivnata rabota DPI, BRO i nezavisni institucii.
    Seuste ne mozeme da izlezeme od vkalapenosta na tradicionalnata nastava, nastava kade nastavnikot ke go iznese nastavniot materijal, faktite i se posvetuva na barawata samo na faktografijata, nemoze da stane zbor za primena edeno interaktivno poucuvawe ili ucewe vo nastavata ili pak primena na IKT vo nastavata.
    Na krajot od ovie izneseni fakti sekako ke reagiraat nastavnicite, odnosno nastavnicite koi nemozat da go promenat svojot mentalen sklop, odnosno nemozat da gi sledat promenite vo site sveri na opstestvenoto ziveewe.
    tripun

  8. Ирена Пипиџаноска вели:

    И се ќе беше многу поинаку доколку на почетокот ова оценување на наставникот беше концепциски добро поставено…..Зборот ми не се плашиме веќе од ништо,навикнавме да бидеме на удар на разни експерименти и новини во образованието.Без да бидеме прашани ни го сервираа и ова без претходно да ги отстранат сите недоследности кои се провлекуваат во него и би му посметало на секој здраворазумен наставник.
    Како прво-се работи за дискриминација врз основа на тоа што дел од колегите кои реализираат настава по Спорт,ликовна,музичка уметност или култура(во звисност каде се реализира),како и колегите по практична настава се изземени од овој вид на оценување.Нивните очекувања секако дека ќе се движат во насока дека ќе бидат позитивно оценети од интерната комисија формирана од училиштето во која е вклучен и Советник од БРО.Ова значи дека тие и понатаму ќе бидат барем психолошки растеретени и многу порелаксирани кон оставрувањето на целите и задачите во нивните програмски подрачја.
    Како второ и повторно важно,исто ли е да оценуваш наставник кој реализира една наставна програма и наставник кој реализира 6-7 наставни програми.Ова постои и го има посебно во средните стручни училишта.Свесни сме дека овој вториот е во трка,да подготви дневни подготовки-всушност тој постига квантитет а оние погоре спомеатите логички е да очекуваме да размислуваат да демонстрираат и квалитет.Згора на ова ако ги земем во предвид и сите теории кои низ обуки ги следевме за оценувањето дека од клас во клас каде учениците се со различни предзнаења и за иста наставна содржина ги преформулираме целите со цел да ги оствариме очекуваните исходи значи на крајот од денот наставникот кој реализира 6-7 наставни програми такаречи ќе нема “рефлекси”.Хипотетички и да успеал во удоволувањето на барањата тоа ќе се случи еднаш до двапати.
    Илузија е сите да ги ставаме во исти кош и да зборуваме за екстерно оценување на учениците преку кои дефакто ја оценуваме објективноста на оценувањето на наставникот или неговиот квалитет.
    Зарем сите ние во текот на работата не сме подложни на мал милион оценувања,требаше да се воведи екстерното оценување па за видиме кој каде е или ќе се сведува се на ” лов на вештерки”.Длабоко сум убедена дека секој менаџер-директор на училиште јасно и прецизно знае кој од наставниците колку и како професионално одговара на поставените задачи и барања.
    Воведувањето на екстерното оценување според мене ќе ја дискредитира и работата на Советниците од БРО како и на Државните просветни инспектори,сите ние сме подложни на нивното оценување,останува да виси дилемата-”Нивниот суд е невалиден”??!Значи на терен се појавуваат толкави дискрепанци и нелогичности што навистина секој кој е вклучен во образовниот с-ем треба малку и да го подразмисли.
    А згора на се кога овде ќе се доведе во прашање и однесувањето на учениците во текот на решавањето на тестот на денот на спроведувањето на екстерното оценување кои гласно без срам (особено послабите)кажуваат дека го решаваат по методот
    на “еци-пеци-пец”,тогаш повторно за отстрел ќе биде наствникот кој му пишал слаба оценка во текот на учебната година а ваму ученикот “изненадува” со добиената тројка на тестот.И повтоно прстот на вина и одговорност е вперен во наставникот.
    Збор -два и за родителите кои на многубројните советувања кои ги спроведувам доаѓаат и повеќето од нив се “осоколуваат” барајќи ја вината во нас за неуспехот на нивните деца и доблеста да ни се исправат и влице да ни кажат “Е сега кога ќе Ве оценат ќе видите Вие”!Тие секогаш се изземаат од секаква одговорност,според нив училиштето и наставниците се “најодговорните” за постигањата,напредокот и однесувањето на нивните деца.
    Познати ми се светските системи на обрзование и начинот на кои тие го осмислуваат спроведувањето на екстерното оценување со цел преку него да се оцени и работата на наставникот и верувајте мисијата кај нив и замислата е сосема поинаква.
    Незнам ама вака како што е поставена кај нас се повеќе ми наликува на “Раздели па владеј”!!!
    Да не должам а би скала уште толку многу да споделам со сите кои можеби ја остварувате и најосетливата,најесенцијална животна мисија-образувате,учите,подучувате,воспитувате генерации кои искрено се надевам ќе се научат да го дадат вистинскиот суд за нашето работење без некој да им сугерира и наметнува свое видување и став при тоа сакајќи да се даде само “Искривена слика во огледалото” на личност која вложила и многу повеќе од својот интелектуален,духовен потенцијал на патот во гр адењето на ментално,физички и психички здрави личности.
    На крајот ги охрабрувам сите свои колеги ,им посакувам со гордо исправени глави заеднички да поминеме низ сите “Искушенија и бариери” кои се испречуваат пред нас на патот кон реализацијата на нашите цели и задачи.Да се ослободиме од сите предрасуди,да покажеме заедништво,истрајност и доследност и се она што е одлика на “Ликот на насатвникот” и на сите од образовната фела.

  9. lence вели:

    Ako nekade najmnogu se raboti, so pravo ke recam toa e vo obrazovanie, zvonceto go oznacuva pocetokot i krajot na casot, znaci ne moze da ne vlezes na casot , ucenicite se ziva materija, tie reagiraat i ucilisteto ke go dignat na rogovi, znaci morame da vlezeme na cas.Kako da gi naterame da ucat?Zakonot e na nivna strana,vovedoa eden kup moderni nastavni tehniki, a pritoa nikoj ne povede smetka dali tie se vo korist na ucenicite ili vo korist na modnite trendovi vo svetot,,jas so pravo ke recam deka se pratat samo modni trendovi,pretpostavuvam deka novinite, izmenite vo zakonot gi nosat luge koi ne se prakticari, tuku prepisuvaci na noviteti od drugi zemji.Jas sakam da se napravi tocna analiza za da se vidi kolku ucenicite ne ucat, kolku ucenicite se povikuvaat na partiski vrski i vrabotuvana i kolku nemaat zelba za ucene, a i so pravo da se vidi kolku mnogu ucenici ima koi nemaat elementarni poznavana, ne ucat ednostavno!Modernite tehniki kade ne se obrka vnimanie na uceneto tuku grupni rabota, nastavni livcina kade edni ucenici rabotat, a drugite se zabavuvaat, nastavnikot koga go opomeni da rabiti, odgovorot e , epa eve drugite neka pisuvaat.Jas sum za moderno obrazovanie, no tamu kade sto moze i da se izvede na cas soglasno nastavnata edinica, ama ne i deka toa mora poveketo casovi da se moderni.Jas sum zagrizena za naseto obrazovani ve uveruvam deka proizvedovme mnogu nepismeni generacii, samo zaradi modnite trendovi, zaraditoa sto nikoj ne gi gleda rezultatite od site novini koi ni se nametnuvaat, a ne ne nitu konsultiraat nitu da ni ukazat kako da rabotime.Site sme svesni deka politikata navleze mnogu dlaboko vo naseto obrazovanie pocnuvajki od ucenicite, roditelite, direktorite, pa i nie nastavnicite.Se dodeka ima politika vo obrazovanie nema da ima obrazovanie!!!NI isprakaat inspektori nenajaveni, ni doagat inspektori da ne vrednuvaat, pa gledaat na nas od visina , nedopirlivi pravejki grimasi na nezadovolstvo,baraat nesto sto nema potreba, konkretno kaj mene bara “zelen paket”koj e samo za prirodnite predmeti, pa duri silna kako nemas?pa eko-standardi za koi ne sum bila na seminar i nikoj ne mi kazal kako da gi vmetnam vo mojot predmet, direktorot si gi praka na seminari po negov izbor koj mu se lojalni,pa nema desiminacija vo ucilisteto.Arogancija na najvisoko nivo pokaza inspektorkata mnogu nepoznavane na rabotite i mnogu arogancija kon eden nastavnik koj ima raboten staz moze dvati poveke od nejzinite godini!Ne razbira sto e aplikacija , a sto ucestvo na natprevar i uste mnogu sto za koi raboti ne bi sakala da pisuvam, ama Vie koi go pravite zakonot na nea i veruvate i ste i dale pravo nastavnik da ocenuva!Istoto ke se sluci i so eksternoto, ke ocrnuvate nastavnici bidejki pisuvate deka ke gi ocenuvate nastavnicite, koj ke gi ocenuva, kako koga vie ne rekovte ke gi ocenuvame ucenicite, bidejki koga nastavnicite zavrsile obrazovanie i niv gi ocenuvale,ucenici se ocenuvaat i so pravo ke recam edno golemo NE za eksternoto ocenuvane!!! napravete go zakonot da bide vo polza i na ucenicite i na nastavnicite, nas ni trebaat ucenici so znaene, a ne nastavnici koi ke se plasat deka nekoj so nekoja pozadina ke gi ocenuva ke im krati od plata,zatoa sto nekoj ne sakal da ucu.Koga sme kaj platata dali nekoj se zaprasa kolkava e taa plata , od nea jas oddeluvam 6000 za pat,kaj nas selektivno e na edni direktorot im ovozmozi da patuvaat , a da ne plakaat, ana drugi da plakame,delba na najvisoko nivo, koj gi kontrolira direktorite koi vladeat, ane rakovodat so vrabotenite i gi turka vo bezdna onie sto ne mislat kako nego, napravi takov razdor, ne podeli,sto tuka ke napravi zakonot na koj se povikuvame site!!!Baram dobro da se razmisli za site zakoni sto gi nosite,vklucete gi sovetnicite, vklucete go BRO , da ni davaat testovi, nastavni livcina , da ni pomognat da bideme nastavnici, a ne samo da pisuvame i sto treba i sto ne.Moite nastavnici doagaa samo so ucebnik i po edna tetratka pa od nas napravija vredni, odgovorni, obrazovani i pred se covecni luge.Obrnete vnimanie na vaznite raboti vo obrazovanieto, od tamu site poteknuvaat i ministtrite koi gi donesuvaat zakonite, pa zatoa napravete go Zakonot da sluzi na nastavnicite, a ne protiv niv.Dosta e so zakani i kazni , dozvolete mu na nastavnikot da se custvuva deka e nastavnik, ne go vperuvajte prstot za zakana, tuku podajte mu ja celata raka za sorabotka, ne mu kratetete od plata, ne mu kratete od patnite troskovi ,od kade patuva sekoj den po 60 i poveke km, pa i pari da dava.Jas ne baram nisto posebno, samo sakam da go kazam moeto mislene i da gi vratam likot i pocitta na nastavnikot vo opstestvoto bez zakani i uceni.Site nie sme isti pred Gospod pa sakam da bideme isti i pred ZakonoT!!!Prvo dobro razmislete kakvi efekti ke dade toa sto go pravete, pa posle donesuvajte, prasajte ne nas od nastavata, ne onie koi ni 1 den ne go nosele dnevnikot, veruvajte dnevnikot e tezok bidejki tamu se onie koi ne se oformeni licnosti,da gi obrazuvame, vospituvame a,toa se nasite ucenici nie , nastavnicite sme tie koi treba da im pomogneme, a nie za da go napravime toa , Vie pomognete ni nas ,nastavnicite da se custvuvame deka sme nastavnici!!!!

  10. Nade вели:

    Поздрав до сите колеги кои се обидоа да дадат допринес во овој толку многу осетлив, а реално неопходен сегмент во воспитно образовниот процес.
    Да се следи, вреднува и оценува една мала личност во развој како ученикот е најтешка,најосетлива и најнеблагодарна работа. А да се следи, вреднува и оценува возрасна личност која не учествувала во донесување на таканаречените ,, мерки,, не дека е неблагодарно, туку ги нарушува сите толерантни граници.
    Да се оцени наставникот (со искуство, без искуство) сите во еден кош, со исти средства, во тој случај нема реална мерка. Пожелно е да има средства за мотивација ,,кои како колцето од воденицата на вода,, би ги движела кон сопственото усовршување и достигнување на највисоките цели во процесот на сопствената работа. Во овој случај наставникот ќе се самовреднува и самоценува. Ќе се стреми сопствениот професионален развој да го вгради во когнитивниот, емоционалниот, психосоцијалниот развој на личноста од ученикот. Во тој случај ќе имаме подготвени ученици стекнатите знаења да ги применат во животот, а од друга страна ќе имаме задоволни родители и државни институции. Да се потсетиме на времето кога со Закон наставникот со исполнување на конкретни критериуми можесе да биде награден со ЗВАЊЕ – Истакнат педагошки работник и Особено истакнат педагошки работник, односно да биде оценет. И реално таа оценка го мотивираше да биде квалитетен поучувач, набљудувач и уште повеќе реален оценувач.
    Почитувам да има екстерно оценување, но целите да бидат во функција за унапредување и растоварувње на наставните програми.

  11. Горица вели:

    Прво, благодарност до Убавка што ја покрена оваа тема, зафати многу релевантни прашања и изнесе многу аргументи. Јас, како некој што речиси цел живот се занимава со оценување (пред се на учениците) чувствувам потреба да се осврнам на дел од покренатите прашања. За да нема забуна и погрешна интерпретација, на почетокот ќе кажам дека сум голем поборник за екстерни мерења на постигањата на учениците со објективни тестови.Меѓутоа добрата желба да се обезбеди објективно оценување не може да ја постигне целта со намераваното користење на резултатите од екстерното оценување на учениците. Зошто идејата е несоодветна?
    Ќе се осврнам само на три од бројните причини за кои не забележав дека ги прочитав во претходните коментари.

    1. Појдовна основа за секоја промена во образованието е таа да придонесе за повисоки постигања на учениците или “што повеќе ученици да ги постигнат планираните цели“. Дали споредувањето на оценките што ги дал наставникот со оценките на екстерното тестирање придонесува за подобри постигања на учениците?

    НЕ. Да претпоставиме дека два наставника во исто училиште работат со сличен состав на ученици и предаваат ист наставен предмет. Едниот држи лоша настава (за жал има и такви), децата научуваат малку – просек 2. На екстерните тестирања добиваат просечна оценка 2. Наставникот бидува награден. Другиот наставник држи поквалитетна настава, и тој и учениците се трудат повеќе и кај него просечната оценка е 4,60. Ама на екстерното тестирање просечната оценка е 3. Наставникот ќе биде казнет. Јасно е кој од наставниците повеќе придонел за повисоки постигања на учениците. Дали ова ќе го мотивира првиот наставник да работи поинаку за учениците повеќе да научат? Зошто би менувал нешто за што е награден? Како ова ќе влијае на вториот наставник? Веројатно ќе го натера да дава пониски оценки може би ќе го демотивира, помалку ќе се залага, па и учениците помалку ќе научат. Вака замисленото користење на екстерните тестирања нема да придонесе наставниците да работат повеќе, подобро и да преземат одговорност нивните ученици да научат повеќе.

    2. Оценувањето (и интерното и екстерното) е мерење. На мерењето му веруваме доколку навистина мери тоа што сакаме да измериме и ако за иста количина на она што го мериме (во случајов знаењата на учениците) дава ист износ. Дали екстерното тестирање a priori ги има карактеристиките на добро мерење и со самото тоа е треба безрезервно да му веруваме?

    НЕ. Да се направи добар, и при тоа објективен, годишен тест на знаења е многу сложена работа. Заради тоа во светот со оваа работа се занимаваат посебни институции со високо стручни кадри, а ние во Македонија сме на почеток на создавање на такви кадри. Што е недостаток на тестовите што до сега се користеа во пробните тестирања, а претпоставувам дека слични ќе се користат и во “вистинските“ екстерни тестирања? Прво, задачите не ги покриваа сите знаењата од сите подрачја во предметите (на пр. пишување и зборување во јазиците, практични изведби во експерименталните предмети и стручните предмети со практични изведби, аргументирање и дискутирање во општествените науки и сл.), што наставниците се обврзни да ги развиваат и оценуваат кај учениците. Второ, заради ограниченото време за тестирање (еден школски час), бројот на задачи за одделни содржини беше мал за да може да се тврди дека тие, една или две задачи за тема, навистина добро го мери знаењето од темата. Од ова произлегува дека наставниците и тестовите не оценуваат исти знаења, што значи не е коректно да се споредуваат. Не тврдам дека наставниците добро ги оцениле (измериле) знаењата, но ни екстерните тестови какви што се користеа во пробните тестирања не го мереа добро знаењето. Постојат низа психометриски карактеристики што тестовите треба да ги имаат за да може да ги прифатиме како добра и доволно точна мерка на знаењата. Кај тестовите што беа користени не беа утврдувани нивните мерни карактеристики, а речиси во секој тест што беше објавен како урнек имаше задачи што очигледно не ги задоволуваа барањата за добра тест задача. Заклучок: Ако во идните екстерни тестирања се користат тестови со истите слабости, зошто нив повеќе би им верувале отколку на оценките што ги даваат наставниците (на кои исто така главно не им веруваме)? Или треба да се обезбедат квалитетни тестови со добри мерни карактеристики (што во сегашниве услови и кадровски и материјални е тешко) или да се наоѓаат други механизми што ќе придонесат за зголемување на објективноста во оценувањето, како на пример: водење ученички досијеа со примери на трудови на учениците што ги документираат постигањата, подобро информирање на родителите за оценувањето во училиштето, изготвување на национални стандарди на постигања и повремена контрола на усогласеноста на оценките со стандардите (во англосаксонското подрачје позната како модерација), инсистирање на почитувањето на етичкиот кодекс во оценувањето.

    3. Секое законско решение треба сите што ги засега да ги става во рамноправна положба. Дали предлогот со екстерните тестирања сите ги става во рамноправна положба?

    НЕ. Предложениот концепт не ги става сите наставници во иста положба, што веќе беше образложено во некој од коментарите. Да видиме дали учениците се рамноправни. Бидејќи сите ученици нема да бидат тестирани по сите предмети, некои ученици ќе бидат тестирани по едни предмети, а други по други предмети. Значи, по одделен предмет некои ученици ќе имаат оценка која ќе вклучува и резултат од екстерно тестирање, а други ученици ќе ја имаат само оценката од наставникот. Тоа ги става учениците во различна положба од аспект на било какво користење на оценките на пр. за упис во нареден циклус, утврдување просечен успех и сл.

  12. Julijana вели:

    ДА, за екстерно тестирање, но доколку би се корегирале одредени недоследности:
    1. Зошто да не се вреднува работата на наставниците од 1 до 3одд. Тие на некој начин се обесправени бидејќи не ќе можат да напредуваат во своето звање.
    2. Дали е во ред ако некој наставник во текот на целата година го оценува ученикот со (1) недоволен, а тој за екстерно оценување се подготви добро бидејќи знае дека наставникот ќе биде казнет ако оцената од екстерното оценување се разликува од онаа во денвикот и добие 3 или 4, само за да му направи проблеми на наставникот?
    Доколку наставниците бидат оставени да си ја вршат совесно работата без притисоци од родителите и некои институции и крајниот исход на оценувањето ќе биде пореален.

  13. весна вели:

    Екстерно оценување, ДА, но како. Кој да го реализира и како се реализира. Во сите средни училишта на запад постои, но не со цел да се оцрни наставникот, демек не знае да оценува, па ај ке го казниме. На запад целта е наставникот да биде ослободен од процесот оценување, но делумно, не целосно. И не се оценуваат екстерно учениците на материјал од цело полугодие или од цела година, туку целата учебна година е поделена на периоди поделени по недели, каде една недела (која се вика недела на тестови) се проверува екстерно знаењето и постигнувањата на учениците од 3-4 недели (на пример, или кај нас би било за тромесечие). Значи и кај нас е тоа можно но треба убаво да се осмисли, во смисол кога и како. Но кај нас има и друг проблем: секој наставник ќе најде “врски„ за да ги добие прашањата за екстерно оценување, демек да ги спреми учениците. И што ќе биде резултат на екстерното оценување кај нас, ништо. Јас подготвував прашања за екстерно оценување по предмети кои ги предавам, и сега сум во влошени односи со колегите од моето училиште зошто не им ги дадов прашањата, ве молам, на што личи тоа??? И тие наставници по други „канали“ пак дошле до прашањата и сега ќе ги учат децата како да ги одговараат. Дали тоа е екстерно оценување со целта која ја има?? НЕЕЕЕ!!! Во нашава убава мала и прекрасна државичка Македонија, неможе да има екстерно оценување со целта за која се прави, па сликата ќе биде искривена, или каква што сакаат некои?!

  14. Дедо вели:

    Па вака
    Екстерното тестирање не е за учениците, всушност тоа е едно реално тестирање за наставниците. Така да учениците не треба да се плашат, ниту пак да се оптеретуваат со тоа.
    И отценките не треба да се внесат веднаш во свидителство, бидејќи не може да се отцени еден ученик само во еден ден, може да има трема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>